Седум холивудски ѕвезди кои добро зборуваат руски

Роберт Дауни Џуниор во Москва.

Роберт Дауни Џуниор во Москва.

Екатерина Чеснокова /RIA Novosti
Сите што учат руски би можеле да се угледаат на Кејт Бекинсејл и на Рејф Фајнс. Ако овие американски глумци можеле да научат руски јазик, можете и вие.

Многумина холивудски глумци имаат руско потекло. Дедото на Хелен Мирен служел во руската царска армија пред да ја напушти Русија по револуцијата во 1917 година. Бабата на Леонардо Дикаприо е родена во Советскиот Сојуз. Дури и прабабата на Вупи Голдберг живеела во Царска Русија. Најдовме снимки на холивудски ѕвезди кои добро зборуваат руски, а немаат сите руско потекло.

Кејт Бекинсејл и нејзиниот „оксфордски руски“ 

Пред да ја прифати улогата во филмот „Подземје“(„Underworld“), глумицата Кејт Бекинсејл студирала француска и руска книжевност на новиот колеџ на Оксфордскиот универзитет. Покрај француски и руски зборува и германски. 

„Сакав да ги читам Чехов и Молиер во оригинал“, изјави глумицата во интервју на Лари Кинг. 

Според неа, рускиот е мошне тежок јазик, особено во понапредните фази на учењето, што „навистина не е фер, зашто колку повеќе го учиш францускиот, толку станува полесен, а рускиот е сè потежок и граматиката е многу тешка“. 

Кејт дури и кажа неколку фрази на руски кога разговараше со телевизискиот водител Стивен Колбер: „Не, нема да ви ја дадам шифрата од безжичниот Интернет“, „Господине Путин, ве молам, облечете ја кошулата“, и „До гледање!“

На прес-конференција во Москва дури и одговараше на прашања на руски јазик! 

„Отсекогаш сум ја сакала Русија, ја сакам литературата. Првата театарска претстава во која играв беше 'Галеб'“, изјави таа. „Ги сакам Ана Ахматова и Александар Блок. Цела година го проучував Фјодор Достоевски. Многу го сакам Антон Чехов. Тој ми е, веројатно, омилениот писател...“ 

Мила Кунис зборува на руски со родителите 

Мила е родена во СССР на територија која е сега дел од Украина. Кога имала седум години нејзиното семејство се преселило во САД, но сите дома продолжиле да зборуваат руски, затоа и таа го знае јазикот. Во интервју за руските медиуми таа објасни дека престанала да учи руски по прво одделение. Со самото тоа не знае да пишува на руски, а чита малку, но многу добро го зборува јазикот. 

Кога во 2011 година дојде во Москва заедно со Џастин Тимберлејк на промоција на филмот „Само другарски“(„Friends with Benefits“), на руски дискутираше со новинарите околу улогата на Џастин. Џастин беше мошне изненаден!

„Што? Јас само сакав да поразговараме за тоа“, рече Мила на руски „Мене тоа не ми се допаѓа“, рече Џастин, веројатно зашто не очекувал дека Мила ќе зборува на руски.  

Кога еден новинар праша зошто на музичарот му била потребна таа улога, Мила едноставно одговори со прашање: „Зошто тој глуми во филмот? А, што би сакале вие да прави?“ 

Во интервјуа за руски медиуми таа главно зборува на руски.

Рејф Фајнс им глумено во руски филм 

Британскиот глумец е најпознат по филмовите како што е „Шиндлеровата листа“, но научи руски за најновиот фил на Вера Глаголева „Две жени“ кој се засновува на прочуената драма на Иван Тургенев „Еден месец на село“. „Фајнс во филмот игра Русин. 

Во интервју за RT UK во 2016 година изјави дека учењето руски било „крајно тешко“, но дека тој сакал да стекне искуство во работа со јазик кој се разликува од неговиот мајчин. 

Тој, исто така, рече дека со години го интересирала руската култура и дека во Русија му е убаво. 

За време на настапите во Московската филмска школа се обиде да зборува на руски, но призна дека му е многу полесно ако на прашањата одговара на англиски.

Фајнс често доаѓа во Русија. На промоцијата на филмот „Спектар“ во Москва цело време зборуваше на руски и речиси не правеше грешки. 

„Добра вечер, дами и господа“, започна тој. „Мило ми е што сум тука со своите колеги Дејвид Батист, малку се плашам од тебе, Дејвид! И со прекрасната Наоми Харис!“ 

„Англискиот писател Јан Флеминг ја напиша книгата 'Од Русија со љубов'. Во книгата тој испраќа убава жена за да го соблазни Џејмс Бонд. Ние тука не дојдовме да ве соблазнуваме, ами да ве забавуваме. И секако, дојдовме во Русија со љубов“. 

Мила Јовович купува руска саката и торта „Наполеон“ во руска продавница

Холивудската актерка Мила Јовович е родена во Киев, кој тогаш бил дел од Советскиот Сојуз. Мајка ѝ е Русинка, а татко ѝ е Србин. Нејзиното семејство го напуштило Советскиот Сојуз кога Мила имала пет години и се преселило во САД. Но, оваа актерка сè уште ја радува руската публика кога зборува на руски за време на своите посети на Русија. 

„Секако, сакам да одам во руска продавница да купам руска салата и торта Наполеон“, им изјави еднаш Мила на руските медиуми. „Да, Наполен е најдобар„“, се сложи нејзиниот сопруг. „Пељмени, варники, боршч и павлака“. 

Таа еднаш глумеше на руски во филмот „Шегаџија“(„Lucky Trouble“). 

Слушнете како таа зборува руски во епизода на руската радиопрограма Европа Плус! Ова веројатно беше најлесна работа за преведувачот.

„Јас го разбирам (рускиот) хумор, и мислам дека тој е најдобар на светот“, изјави Мила. „И, секако, ми се допаѓа (руската) храна – пељмените и џемовите“. 

Ели Рот учел руски јазик на училиште 

Американскиот актер и продуцент Ели Рот има руско потекло и неколку години има учено во руска школа. Тој во 2010 година дури и го промовираше својот филм на руски јазик. 

„Здраво, јас сум Ели Рот. Јас сум продуцент на филмот „Последното истерување на ѓаволот“(„The Last Exorcism“). Зборувам руски. Кога живеев во Бостон учев во руско училиште и сакав да зборувам руски. Не знам зошто. Пред 20 години бев во Ленинград, извинете, во Петербург, а исто така во Москва. И сега сум тука со 'Последното истерување на ѓаволот'. 

Роберт Дауни Џуниор учел руски два часа

„Оловниот човек“ нема руско потекло, но на промоцијата на „Одмаздник“(„The Avengers“) во Москва во 2012 година зборуваше помалку-повеќе разбирливо на руски. Згора на тоа го преведе на англиски она што го зборуваше зашто на почетокот изгледаше како присутните да не разбираат што се обидува да каже.

„Добра вечер, дами и господа, руски ѕвезди и деца. Ние ја сакаме Русија. Ви благодарам многу!“ 

Тој својот говор го научил за два часа. Почнал во еден попладне, а во три попладне веќе слободно го изговараше тестот. 

Џеред Лето – рускиот јазик не е игра

Американскиот актер и водачот на групата „Триесет секунди до Марс“ нема руски корени, но затоа учел руски за улогата во филмот „Господар на војната“(„The Lord of War“) каде глумеше заедно со Николас Кејџ. Смешно е да се слушне како тој се кара на руски, дури и кога дава интервју за американските медиуми. „Ну, что стоишь как дуб?“ („Зошто стоиш како даб?“) – ова беше одговор на Џеред кога еднаш еден новинар го замоли да каже нешто на руски. 

Како и многу други Американци, тој смета дека рускиот јазик е „многу, многу тежок“.

„Рускиот јазик треба да се почитува“, рече тој во една пригода. „Тоа не е игра. Многу е тежок...“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња