Футуристички комплекс со три кули со заедничка кровна тераса и стаклен коридор кој ќе го спојува триото згради ќе биде изграден во Москва.
Tashir Group
На 35 ката на новите објекти ќе има канцеларии, простории за забава, апартмани и подземен паркинг за 2000 автомобили.
Tashir Group
Лоциран во близина на бизнис-центарот „Москва Сити“, две метро станици и Централниот прстен, комплексот ќе биде дел од транспортниот центар „Паркот на Победата“, чија цел е намалување на сообраќајот во рускиот главен град.
Tashir Group
Трите кули ќе бидат изградени од инвеститорот, групата „Ташир“, и ќе бидат слични на „Марина Беј Сендс“ во Сингапур.
Tashir Group
Планирано е да бидат изградени до 2023 година.
Tashir Group