Кримскиот мост од полноќ отворен и за товарни возила: Во првите осум часа поминаа преку 700 камиони

Скриншот

Кримскиот мост од полноќ е отворен за целосен друмски сообраќај. Имено, ноќта меѓу неделата и понеделникот по најдолгиот мост во Европа почнаа да сообраќаат товарни возила, а во првите осум часа преминот го поминаа преку 700 камиони. Поточно 324 во правец на Тамањ и 382 во правец на Керч.

Како што се наведува, мостот го поминале 80 камиони со приколка. Мостот преку Керченскиот теснец, отворен за сообраќај во мај оваа година, досега го користеа патнички автомобили и автобуси, додека камионите беа ограничени на траект. Затоа возачите на камиони неколку дена пред отворањето почнаа да прават километарски редици, чекајќи ја полноќта и моментот од мостот да биде симната забраната за движење на товарни возила и меѓу првите да поминат преку него.

Место долгата процедура, која подразбираше пријавување и земање билет за траектот, па качување и превоз, што во просек траеше 24 часа, а понекогаш знаеше да се претвори и во повеќедневно чекање на поповолни временски прилики, сега на камионите им требаат само 20 минути од Тамањ до Керч и обратно. Заштедата во времето на транспортот, но и на 20000 рубли (во еден правец) односно 40000 рубли за билет за траектот (во двата правци) ќе влијае на поевтинување на производите, но и на нивниот поширок асортиман, така што стручњаците очекуваат позитивен економски ефект врз развојот на полуостровот.

Како што јавува репортерот на телевизијата „Русија 24“ од Кримскиот мост, во прв момент, непосредно по полноќ, камионите ги зафатиле сите три ленти, а возачите на патнички автомобили биле малку збунети. Меѓутоа, сообраќајот во наредните 10-15 минути бил целосно нормализиран. Дозволената тежина на товарот што се превезува е иста како и за останатите федерални патишта во земјата и изнесува 40 тони, а максималната брзина на движење 90 километри на час. Исто така, не постои забрана за движење по Кримскиот мост за товарни возила кои превезуваат гориво, како што беше соопштено во некои медиуми, тука за тоа е доволна специјална дозвола.

Првиот човек на „Росавтодром“ Роман Старовојт изјави дека инфраструктурата на мостот и приодите се оспособени за прифаќање и комфорно и безбедно движење како на патничките возила, тако и на камионите. На пристапните сообраќајници пред отворањето на преминот за товарни возила е поставен неопходниот слој на асфалт бетон.

Кримскиот мост свечено беше отворен на 16 мај оваа година претседателот на Русија Владимир Путин. Тој преку мостот возеше еден од „КамАЗ“-ите кои беа ангажирани во овој градежен потфат. На железничката делница на мостот во јули почна поставувањето на шините, работите продолжуваат, а отворањето е закажано за идната година. Преку Кримскиот мост за два месеци поминаа преку еден милион автомобили, автобуси и мотоцикли, додека во текот на целата ланска година со траектот беа префрлени помалку од два милиони возила. Преминот за товарни возила е отворен два месеци пред предвидениот рок.

Прочитајте повеќе: Зошто изградбата на величествениот Кримски мост толку ги разбесни Американците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња