Сирија: Во руската авиобаза „Хмејмим“ слета специјален авион Ту-214 ПУ

Ту-214ПУ (Евиденциски број RA-64517)

Ту-214ПУ (Евиденциски број RA-64517)

Слободан Ѓукиќ
Одделни извори соопштуваат дека на пистата на воздухопловната база „Хмејмим“ вчера во попладневните часови слетал руски авион кој се наоѓа во состав на Специјалниот воздухопловен одред „Русија“. Станува збор за авионот Ту-214ПУ кој претставува летечки команден пункт.

На интернет се појави информација дека вчера, 28 септември, во попладневните часови на пистата на руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија слетал специјален авион Ту-214 (евиденциски број RA-64517).

Овој авион претставува специјална верзија на леталото кое фабриката за воздухоплови КАПО го комплетираше за потребите на руското Министерство за одбрана, поточно за Специјалниот воздухопловен одред „Русија“, формиран за превоз на највисоките државни функционери на Русија.

Во него е интегрирана софистицирана електронска опрема, така што овој авион всушност претставува летечки команден пункт. Опремен е со многу комфорен ентериер за патување, како и со разновидни уреди за врска и командување. Благодарение на вградените дополнителни резервоари е проширен капацитетот за гориво така што леталото има долет од импозантни 10500 км.

Прочитајте повеќе: Авион-апокалипса: пет факти за летачката тврдина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња