Кучиња одгледани за лов на мечки и волци: Четири познати руски раси

Начин на живеење
ГЕОРГИЈ МАНАЕВ
Ловот со кучиња била омилена и мошне скапа забава за руското благородништво. Некои видови кучиња помагале во лов на мошне крупни шумски животни, а едно ловечко куче било толку познатo што дури и Лев Толстој го има споменато.

„'Држи го!' – извика Николај колку што го држеше гласот. Неговиот коњ самиот удри во галоп низ падината наспроти волкот, прескокнувајќи ги процепите. Зад нeго брзо потрчаа кучињата и го престигнаа. Николај не го слушна ниту своето викање, ниту го почувствува галопот, ниту ги виде кучињата и местото каде тоа се одигрува. Го виде само волкот кој сѐ побрзо трчаше по долината, не менувајќи го правецот“.

Вака Лев Толстој го опишува рускиот лов со лучиња во „Војна и мир“. Овој вид лов веројатно за првпат се појавува во арапските земјi, а во Русија стасал по татарското ропство. Многу татарски и узбекистански ханови се преселиле во Русија, а веќе во 17 век одгледувале ‘ртови – најважната раса кучиња која се користи за лов.

Оттогаш ловот со кучиња станал мошне омилена забава за царевите и за високото благородништво. Овој вид лов доживеа посебен процут по 1762 година кога властите му дале на благородништвото можност да ја избегнат државната служба што им ја наметнал Петар Први. Многу благородници решиле да останат на своите имоти, а за подобрување на земјоделството и сточарството неопходно било да се ликвидираат голем број волци во руските шуми. Ловот со кучиња бил најдобар начин да се реши овој проблем.

Поседувањето ловечки кучиња и ангажирањето на луѓе за нивна обука, како и самиогт лов, биле мошне скапо задоволство. Кон средината на 19 век ова чинело отприлика 1.500 рубли годишно, што е за половина од годишните примања на офицер со чин полковник.

Кои се главните руски раси што се користеле за лов на мечки и ловци

Лајка

Лајка е универзално ловечко куче со потекло од Русија. Се користи за лов на лосови, диви прасиња, шумски птици. Кога ќе го открие пленот лајка го следи со лаење и не се откажува сѐ дури не дојде ловецот за да го застрела. Ако жртвата се обиде да избега, лајката го следи со поглед.

Лајките се прочуени по чувството за мирис, брзината и упорноста во бркањето плен. Можат да бркаат дури и мечки зашто се храбри, агресивни и мошне итри кучиња, и имаат мошне силен загриз. Лајките можат да се дресираат за на сопственикот во забите да му донесат помал отстрелан дивеч како што е птица или дива патка.

Руски ‘ртови

Руските ‘ртови, како што се претпоставува, се добиени во 17 век од салуки (персиски ‘рт) и руската лајка. Рускиот ‘рт е најважната раса за лов со кучиња. Тој може да го стаса пленот како и лајката, само што е побрз од неа. За разлика од персискиот ‘рт кој својот плен го брка низ степата и минува големи растојанија, рускиот ‘рт е одгледан за да го стаса пленот на кратко растојание, на пример на место пред пленот да дојде до шумата.

Најважните особености на оваа раса се добриот вид (тие секогаш го држат пленот на око), агресија во гонењето на пленот, голема брзина и можност за скок, како и упорност и тимска работа.

Повторно да се вратиме на Толстој: „Старото куче, на кое влакната му висат во прамени, ја искористи оваа ситуација, му го пресече патот на волкот и веќе беше на пет-шест чекори од него. Погледнувајќи на Карај, како да чувствува опасност, волкот уште повеќе ја повлече опашката и потрча побрзо. Во тој момент Николај само виде дека нешто се случува со Карај, а кучето веќе му скокна на волкот зад грб и заедно со него се преврте во дупката која им се најде на патот“.

Во оваа одломка ‘ртот Карај го прави својот прочуен скок. Патем речено, прототипот на ова куче од „Војна и мир“ се вика Ѕвер, живеел кон крајот на 18 век и бил познат по тоа што самиот можел да фати мечка.

Рускиот писател Николај Лесков во еден свој расказ пишува: „Во неговиот лов учествуваа посебни кучиња кои можеа да фатат мечка. Ги викаа 'пијавици'. Кога ќе го дофатат животното со забите никој не може да ги одвои од него. Се случуваше мечката ваквата 'пијавица' да ја убие со удар на својата ужасна шепа, или едноставно да го расчеречи кучето, но никој нема видено оваа 'пијавица' да пушти живо фатено животно“.

Руски гонич

Доколку пленот (волк, елен или зајак) дојде до шумата, ‘ртот повеќе немал никакви шанси да го стаса зашто е толку брз што може смртно да се повреди ако налета на дрво, а ‘ртовите биле мошне скапи кучиња и затоа за лов во шума биле користени гоничи.

Кога гоничите ќе ги најдат трагите на дивото животно, ги следеле сѐ дури не стаса ловецот и постојано со лаење ја обележувале својата пложба.

Обично гоничите биле поврзувани во двојки. Биле тренирани заедно да го следат пленот и да не го пуштаат да им избега без оглед на околностите.

Поентери

Поентерите се користени за лов на шумски, полски и мочуришни птици. Поентерите често биле единствените кучиња што ги поседувале сиромашните руски благородници зашто не можеле себеси да си дозволат големи ловечки „кампањи“ со ‘ртови и гоничи.

Поентерите го користеле чувството за мирис за најпрво да ја најдат птицата, а потоа би ја паркирале на растојание од кое птиците не можеле да ги видат и да ги чујат, и така стоеле во место дури не дојде ловецот. Кога ќе стаса ловецот и кога е подготвен да пука, кучето скока и ја тера птицата да полета. Потоа застреланата птица му ја носи на својот стопан.

Прочитајте исто така 10 популарни руски раси кучиња.