ФСБ откри огромен арсенал на оружје: Банда од Самара поседувала дури и оклопни транспортери!

Слободан Ѓукиќ
Според првичните податоци, запленети се 52 парчиња стрелечко оружје како автоматски и снајперски пушки, митралези, неколку рачни ракетни фрлачи, како и 35700 куршуми од различен калибар. Особено шокантно делуваше откривањето на четири оклопни борбени транспортери кои се наоѓаа во еден скриен хангар.

Припадниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) успеаја да откријат навистина несекојдневна количина на оружје и муниција кои се наоѓаа во незаконска сопственост.

Арсеналот со оружје е пронајден во населеното место Стројкерамика. Како што пренесува интернет порталот Волга Новости, припадниците на ФСБ во еден хангар што се наоѓа во улицата „Степа“ откриле 52 „долги “ цевки, 35700 куршуми од различен калибар, дури четири оклопни борбени транспортери, теренско возило УАЗ, како и прецизни машини кои се користат за пренамена на оружје.

Според првичните информации, комплетното вооружување му припаѓало на еден локален мафијашки клан предводен од Сергеј Марченко, чие име е познато уште од 90-те години на минатиот век. Неговата криминална група е одговорна за криумчарење и препродажба на оружје, како и за кражба на луксузни моторни возила.

 Прочитајте повеќе: Масакрот на Волга: Хади Такташ - банда убијци која владееше со Казањ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња