Путин му откри на Абе што сака повеќе – кавијар или харинга

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин во неформална атмосфера поразговара со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Пред почетокот на седницата на Источниот економски форум, претседателот на Русија Владимир Путин во неформална атмосфера поразговара со јапонскиот премиер Шинзо Абе и притоа му раскажа како претходниот ден се прошетал со Си Ѓинпин и дека повеќе сака харинга отколку кавијар.

Путин му рече на Абе дека претходниот ден, во вторникот, заедно со кинескиот лидер го посетил саемот „Улиците на Далечниот Исток“ кој е отворен на кејот, на територијата на Далечноисточниот федерален универзитет каде што се одржува Источниот економски форум, пренесува РИА „Новости“.

„Тука вчера заедно со претседателот Си Ѓинпин пробавме мед и палачинки. Шетавме тука покрај штандовите на кејот“, рече рускиот претседател.

Абе го слушаше Путин со насмевка и интерес.

„Рибарите ни изнесоа кавијар. Јас, додуша, харингата ја сакам повеќе од кавијарот, но морав да пробам, да не се навредат“, рече Путин, и тоа малку го изненади јапонскиот премиер.

Лидерот на Русија во вторникот го нагости Си Ѓинпин со „збитње“ (жешка медовина со зачини) и се пошегува за сметка на трансакциите во националните валути на изложбата „Улиците на Далечниот Исток“.

Четвртиот Источен економски форум се одржува од 11-13 септември на територијата на Далечноисточниот федерален универзитет на отровот Руски.

Прочитајте повеќе: Си Ѓинпин раскажа како едно кинеско момче го оствари својот руски сон