Си Ѓинпин, Владимир Путин и Сергеј Лавров на Источниот економски форум 2018
Global Look PressВо текот на своето обраќање на пленарната сесија на Источниот економски форум-2018 Си Ѓинпин истакна дека во текот на времето на пријателство меѓу Русија и Кина имало „многу трогателни приказни“, пренесува РИА „Новости“.
На пример, рече тој, пред неколку години преку 900 деца кои го преживеаја земјотресот во провинцијата Сичуан биле на одмор во детскиот центар „Океан” во Владивосток.
„Нашите деца беа опкружени со топлина и грижа, во нивните срца се роди близок и посебен однос спрема Русија“, рече тој.
Едно од тие деца беше момчето Си Џун Феј кое посакало да се врати во Русија на школување.
„Шишето со неговата желба, кое неколку месеци поминало во море, го пронајде токму службеник на детскиот центар „Океан“. Желбата на ова момче се оствари. Тој сега се школува на Далечноисточниот федерален универзитет во Русија“, рече Си Ѓинпин.
Според негово мислење, оваа приказна е пример за „пријателската размена меѓу народите на регионот“.
Земјотрес со сила од 8 степени го погоди Сичуан на 12 мај 2008 година. Во него загинаа и исчезнаа преку 87 илјади луѓе, а 374 илјади беа повредени. Во 2009 и 2010 година преку илјада ученици од регионот погоден од земјотресот одмораа во детскиот центар „Океан“ кај Владивосток. Во знак на благодарност кинеската страна му подари на одморалиштето две компјутерски училници.
Претседателот на Кина Си Ѓинпин на 11 и 12 септември на покана на рускиот претседател Владимир Путин првпат учествува во работата на Источниот економски форум. Си Ѓинпин го воодушевија размерите на овој форум.
По разговорите со кинескиот колега Владимир Путин истакна дека Москва и Пекинг воспоставиле односи полни со доверба во сферата на политиката, безбедноста и одбраната.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче