Поранешен шампион на UFC: Нурмагомедов ќе го „убие“ Мекгрегор

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Поранешниот шампион на UFC Фабрисио Вердум го прогнозира победникот во мечот меѓу носителот на шампионскиот појас во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и ирскиот борец Конор Мекрегор.

„Хабиб ќе победи, тој ќе го „убие“ Конор. Тоа е сигурно“, ги пренесува зборовите на Вердум TMZ. „Тој многу тренира и воопшто е непоколебливо момче“, додаде Вердум.

Мечот за кој владее незапаметен интерес ќе биде одржан на 6 октомври во Лас Вегас.  

Прочитајте повеќе: Хабиб и Мекгрегор конечно ќе си ги одмерат силите во октагонот!