Поранешниот шампион во борби без правила, Ирецот Конор Мекгрегор, во Москва се запознаваше со дивите ѕверови на Русија. Конор галеше и хранеше еден амурски тигар кога го запрашаа дали некогаш се борел со тигра.
„Би можел да се борам со тигар“, веднаш одговори на шега Конор и ја соблече маичката.
На прашањето дали на стомакот има тетовирано амурски или бенгалски тигар, Мекгрегор одговори дека ни самиот не знае.
Претходно Мекгрегор беше поканет да го гледа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал на стадионот „Лужники“ како гостин на претседателот на Русија и тогаш изјави дека Путин е „еден од најголемите лидери на нашето време“.
„Имав чест да присуствувам на толку важен настан со него“, напиша Ирецот на „Инстаграм“. Спортистот не заборави да му честита на Путин за „неверојатното Светско првенство“.
На крајот на постот Мекгрегор пишува на руски: Россия, вперед!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче