Посмртна маска на Сталин од стар таван го наполни паричникот на еден Англичанец

The Canterbury Auction Galleries

Бронзена посмртна маска на Јосиф Сталина и отпечатоци од неговите раце се продадени на аукција во Велика Британија за 13,5 илјади фунти стерлинзи, односно 15000 евра.

Се смета дека куќата The Canterbury Auction Galleries продаде една од 12 маски, направени пред да биде балсамирано телото на Сталин. Купувачот не е познат – предметите се купени преку посредник по телефонска врска.  

Маската и отпечатоците еден Британец ги нашол на таванот кај својот дедо кој работел во трговската морнарица. Службеник од галеријата Кентербери тврди да му „замрзна крвта во вените“ кога ги видел овие предмети и го слушнал прашањето: Можам ли некому да му ги продадам?

Слична маска во 2012 година е продадена за 3600 илјади фунти (4000 евра), па затоа решиле почетната цена да биде 1,5 – 2 илјади фунти. „Никој не очекуваше дека цената ќе скокне до 13,5 илјади фунти. Сопственикот беше пресреќен“, вели службеник на аукциската куќа.

Генералниот секретар на ЦК на КПСС Јосиф Сталин умре 1953, во 74 година од животот. Посмртните маски ги направи скулпторот Матвеј Манизер, тогашен потпретседател на Академијата на уметност на СССР.

Прочитајте повеќе за последниот ден на Сталин: 3 теории за неговото убиство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња