Убавици зад воланот: Запознајте ја првата женска екипа на натпреварот за возачи на Армиските игри

Скриншот

Натпреварувањето „Мајстори на моторната оклопна техника - 2018” на Армиските меѓународни игри почна во Острогошск во Воронешката област на Русија. Во него учествуваат тимови од Русија, Кина, Венецуела и Египет. Меѓу другото, првпат на натпреварувањето се појави женски тим од Русија, пренесува дописникот на ТАСС од местото на настанот.

„Русија првпат во историјата на натпреварувањето ја претставува женски тим. Го сочинуваат четири девојки и еден маж. Донесена е одлука мажот да биде помошник на возачот на деминерско возило, затоа што е физички крајно тешко за жените да вршат некои работи“, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.

Организаторите на натпреварувањето објаснија дека возачите на товарни и патнички автомобили треба да поминат растојание подолго од 10 километри со брзински премин преку пречките: „осмица”, „премин низ ограничени делници“, „падина”, „рид”, „блато”, „земјена серпентина”, „стрниште”, „орање”, „бетонски пат”, „водена пречка”, како и да изведат вежба со контролни гаѓања од автоматска пушка „Калашников“.

„Екипите на Венецуела и Египет ќе настапа во возила на Вооружените сили на Русија, меѓу кои се товарното возило КамАЗ-43501, шлеперот КамАЗ-65225 и патничкиот автомобил УАЗ-3163 Патриот. Екипата на Народноослободителната армија на Кина ќе користи патнички, товари и помошни возила на својата војска“, додаваат организаторите.

Веднаш по церемонијата на отворање стартуваа главните фази на натпреварувањето кое ќе трае два дена. Исто така, во рамките на Игрите е планирано отворање на воено гратче за семејствата на војниците.

IV Армиски меѓународни игри беа отворени на 28 јули во подмосковскиот парк „Патриот”. Игрите кои опфаќаат 28 натпреварувања истовремено се одржуваат на 24 полигони во седум земји и ќе траат до 11 август. Во нив учествуваат екипи од 32 земји.

Погледнете: Руските маринци се запознаваат со кинеска оклопна техника

                                                                                                                                                       

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња