Учесници во Армиските меѓународни игри.
Илја Питалев/РИА „Новости“Министерството за одбрана на Русија објави видео по повод завршувањето на Армиските меѓународни игри-2017 (АрМИ). Видеото, на кое се гледаат најспектакуларните моменти од изминатите натпревари, е објавено на официјалната веб-страница и на страниците на ресорот на социјалните мрежи „ВКонтакте“, „Одноклассники“, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутјуб“.
Изборот вклучува епизоди од сите натпревари на Армиските меѓународни игри од почетните етапи до финалните натпревари.
Меѓу нив се најсилните моменти од преминувањето на пречки на „Воено-медицинската штафета“ со на девојки-војници, летањето на ловците на „Авиадартс“, не помалку забавната индивидуална трка на извидниците од РХБ во рамките на натпреварот „Безбедна средина“, како и веќе традиционалните кадри од полигонот Алабино, каде се одржуваше „Тенковскиот биатлон“.
Во завршниот дел на видеото се прикажани кадри од церемонијата на доделување на наградите и завршниот говор на министерот за одбрана на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу.
Армиските меѓународни игри почнаа на 29 јули и траеја до 12 август. На 22 полигони во Русија, Белорусија, Азербејџан, Казахстан и Кина учествуваа тимови од 28 земји, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче