Странски војници ќе можат да гаѓаат со повеќецевниот ракетен лансер „Град“ на воените игри АрМИ-2018

Mil.ru/commons.wikimedia.org

Тимовите на странските земји кои ќе се натпреваруваат на Меѓународните армиски игри АрМИ-2018 првпат ќе добијат можност да отворат оган од повеќецевниот ракетен лансер „Град“, им соопшти на новинарите прес-службата на Централниот воен округ.

Натпреварувањето АрМИ-2018 ќе се одржи од 28 јули до 11 август, а на воениот полигон Учебни во Пензенската област од 29 јули до 5 август и првпат ќе учествуваат војници од Узбекистан, Иран и Ерменија. Секоја екипа ќе добие можност да отвори оган од „Град“, изјави главниот судија на натпреварувањето полковник Михаил Филатов.

Меѓународните армиски игри се одржуваат четврти пат. Планирани се 27 натпревари на копно, во воздух и на море. Натпреварувањето ќе се одржи во Русија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Кина и првпат во Иран. Повик за учество добија војските на 80 држави.   

Прочитајте повеќе: „Катјуша“ стана химна на армиските игри АрМИ-2017 во Кина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња