Министерството за одбрана на РФ ги покани сите земји-членки Северноатлантскиот воен сојуз на Меѓународните армиски игри (АрМИ), изјави началникот на Главната управа за борбена обука на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Иван Бувалцев за телевизиската станица „Русија 24“.
Како што прецизира тој, одговор пристигнал само од Грција, чија екипа ќе учествува на Игрите.
Четвртите по ред меѓународни армиски игри ќе бидат одржани од 28 јули до 12 август во Русија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Иран, Казахстан и Кина. Сто деведесет и седум екипи од 33 земји (за третина повеќе од минатата година) ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини, меѓу кои најпознати се „Тенковски биатлон“, „Отворена вода“ и „Авиадартс“.
Минатата година на игрите кои се одржаа во Русија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан и Кина учествуваа 150 екипи од 20 земји. На игрите присуствуваа 44 набљудувачи од 36 земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче