Под железничката делница на Кримскиот мост поставен последниот столб

most.life

Градителите на Кримскиот мост го завршија поставувањето на темелните столбови за железничкиот дел на Кримскиот мост, соопшти информативниот центар „Кримски мост“.

Последните цевчест столб е забоден во подножјето на носачот број 254, кој е најблискиот до пловниот пат во правец на Керч. Под железничката и друмската делница на Кримскиот мост се поставени три вида на столбови, вкупно 6694 столбови.

Шиповите се забодени вертикално и хоризонтално. За сигурност и издржливост во агресивните морски услови во секоја цевка се наоѓа армирано бетонско јадро. Во горниот дел на столбот има армирана рамка исполнета со хидротехнички бетон.

Како што се наведува во соопштението на информативниот центар, за железничката делница е потребно повеќе работа, нејзините носачи се помасивни и е потребен поголем број на шипови во темелите. Затоа, додека друмската делница на Кримскиот мост се потпира на 2576 цевчести столбови, за железничкиот дел на мостот се потребни 2788.

На трасата на пругата на делницата меѓу островот Тузла и пловниот пат на носачот број 224 цевчестиот шип е забоден на длабочина од 108 метри, што претставува своевиден рекорд за тој вид на работи.

Рускиот претседател Владимир Путин зад воланот на камион КамАЗ на чело на колоната од товарни возила кои учествуваа во овој градежен потфат свечено го отвори Кримскиот мост на 15 мај, шест месеци пред предвидениот рок. Мостот беше отворен за сообраќај на патнички автомобили и автобуси утредента, на 16 мај. Интензитетот на сообраќај е сѐ поголем од ден на ден, иако траектот кој претходно беше исклучително користен за премин од Таманскиот на Кримскиот полуостров и обратно продолжи да функционира со вообичаеното темпо.

По најдолгиот мост во Русија (19 км) возовите ќе почнат да сообраќаат наредната година.

Прочитајте повеќе: Зошто изградбата на величествениот Кримски мост толку ги разбесни Американците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња