Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ во ексклузивното интервју за руски „Комерсант“ изјави дека ја очекува посетата на нејзиниот руски колега Владимир Путин „кога ќе му одговара“.
Според зборовите на хрватската претседателка, Путин е поканет да ја посети официјално Хрватска уште минатата година, а Грабар-Китаровиќ ја повторила поканата во текот на разговорите во Москва. „Сметам дека сега е вистинското време за таа посета. Ние желно го очекуваме Владимир Путин, а односот на Хрватите спрема Русија можеше да се види во текот на првенството. Се сеќавате ли на огромниот натпис „Благодарам, Русијо!“? Мислам дека корист од посетата би имале не само Русија и Хрватска, туку и цела Југоисточна Европа“, рече хрватската претседателка за „Комерсант“.
На прашањето на новинарот дали успеала да пронајде заеднички јазик со Владимир Путин, таа одговори: „Мислам, да“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче