Виталиј Ненашев од Русија стана првиот човек кој ја прелета со балон највисоката планина во Европа – Елбрус. Тој со својот балон „Русија“ се искачи на висина од 1,8 км, соочувајќи се со температура од -27 °C додека леташе над западниот гребен на Елбрус. При патувањето на Ненашев вкупно прелета 70 км.
„Се искачив на 8,300 метри над морското ниво. Имам рекорд, и Елбрус!“, изјави Ненашев откако се спушти со балонот.