Рускиот претседател во текот на прославата на 1030-годишнина од покрстувањето на Русија изјави дека тоа било клучна фаза и пресвртница во историјата, настан од „цивилизациски размери и духовна сила која носи препород“, како и дека споменатиот настан го „го трасираше повеќевековниот пат на Русија и влијаеше на развојот на целиот свет“, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Претседателот на РФ исто така истакна дека примањето на православната вера во Русија е неодвоиво од кнезот Владимир, кој ја „донесе таа решавачка одлука, (...) виде во неа морална потпора, убавина, светлоста на вистината и доблеста, темел за обнова на животот, за зацврстување на единството и заедништвото на народите кои живееја во Стара Русија“.
Лидерот на Русија нагласи дека покрстувањето било момент на „настанок и развој на руската државност, вистинско духовно раѓање на нашите предци, дефинирање на нивниот идентитет и самосвест, како и процут на националната култура и образованието, како и на развој на сестрани врски со други земји“.
Православието успеа да го постигне она „што претходно не постоело – му се обрати на човекот, на неговата совест и на неговата душа, му се обрати со вечниот повик за милосрдие, добрина и љубов“.
Путин го цитираше историчарот Лав Гумиљов кој велел дека покрстувањето им ја дало на предците на денешните Руси највозвишената слобода – слободата на избор меѓу доброто и злото.
Претседателот на Русија додаде дека народите кои ги примиле „христијанските вистини со целото срце“ достигнале „невидени височини во политиката, уметноста и книжевноста, во науките и стопанството, дека стекнале огромно искуство на единство кое нашата татковина многу пати ја спасуваше и поддржуваше во најсуровите и најдраматичните историски моменти“.
Учесниците на литијата собрани околу споменикот на светиот кнез Владимир во Москва на Денот на покрстувањето на Русија.
Виталиј Белоусов/SputnikПатријархот Кирил му го честиташе именденот на шефот на руската држава и му посака од името на Руската православна црква „помошта Божја во напорите, духовната цврстина и физичката снага“.
„И, што е најважно, утеха да наоѓате не само во молитва и комуникацијата со блиските, туку и во согледувањето на плодовите на својот труд“, додаде поглаварот на Руската православна црква.
Во саботата, 28 јули, во Русија, Украина и Белорусија, како и во низа други земји, се славеше 1030-годишнината од покрстувањето на Русија и поменот на светиот кнез Владимир.
Божествена литургија служеа патријархот Московски и на цела Русија Кирил и патријархот Александриски и на цела Африка Теодор II.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче