Се појавија фотографии од џиновски кратер кај Нижни Новгород

Пресс-служба ГУ МЧС России по Нижегородской области

Управата на Министерството за вонредни состојби за Нижненовгородската област објави фотографии од огромен кратер кој се појави во Шатковскиот реон недалеку од селото Неледино. Снимката е направена од квадрокоптер, а димензиите на провалијата најдобро се гледаат во споредба со автомобилите и луѓето во позадина кои делуваат ситно.

Според првите процени, јамата со пречник од околу 50 метри е длабока 32 метри. Судејќи според фотографиите, на нејзиното дно има кал, а колкава е неговата дебелина засега е непознато. Припадниците на Министерството за вонредни состојби констатираа дека во текот на ноќта димензиите не се зголемиле. Стручњаците ќе продолжат да ги следат евентуалните промени на кратерот за да ги регистрираат. Местото е обезбедено, а локалните власти планираат да ангажираат експертска организација која би ја истражила провалијата.

Прочитајте повеќе: Мистериозните јами во Сибир стануваат сѐ поголеми

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња