Кариера
„Светското првенство во фудбал ми донесе слава. Медиумите од целиот свет многу зборуваа за мене“, вели Марта Барчок, Полјачка која живее во Лондон.
Marta Barczok
Марта за првпат се прослави, навивајќи за репрезентацијата на Полска на Европското првенство 2016 во Франција. Нејзините фотографии тогаш ги видоа сите и ја прогласија за најубава навивачка од Полска. Марта се откажа од професијата сметководител и стана манекенка. Но, суперпопуларноста дојде дури на Светското првенство 2018!
„Моите фотографии од Мундијалот 2018 беа насекаде! Дури и ФИФА ги објавуваше на својот Инстаграм-профил. Луѓето ме сакаат, велат дека сум полска убавица, а полските медиуми ме прогласија за полска Мис на Мундијалот“, се фали Марта.
Marta Barczok
Благодарение на вниманието од медиумите, Барчок има многу нови предлози за работа во светот на модата.
Во текот на Светското првенство во фудбал работеше за сајтот на СКМ, полска верзија на Плејбој. И тоа беше нејзино прво новинарско искуство. „Отсекогаш сум мечтаела да работам како новинар. Светското првенство во Русија ми ги исполни соништата!“
Marta Barczok
Марта признава дека во руските градови навивачите од целиот свет ѝ посветувале големо внимание. „Кога дојдов на Црвениот плоштад луѓето ме препознаа и сите сакаа да се сликаат со мене. Тоа беше лудо и незаборавно! Имав чувство како да сум музичка ѕвезда! Беше фантастично!“
Љубов
Хуан Томас Мартин, студент по медицина од Аргентина, во Санкт Петербург ја пронајде својата љубов. Всушност, со Русинката Арина се има запознаено уште пред една година во Барселона, но нивната врска започнала дури на Светското првенство во фудбал.
Хуан само се надева дека оваа врска нема да се претвори во Шекспирова трагедија, зашто родителите на Арина можат да бидат и против.
Juan Tomas Martin
„Ако се прашувам јас, би живееле во Аргентина. Но, нејзините родители сè уште не знаат ништо за нас. Нејзините родители не веруваат дека може да има нешто сериозно на далечина“, објаснува Хуан.
Juan Tomas Martin
Уште една интересна работа во врска со Хуан е тоа дека го привлекува вниманието на минувачите зашто потсетува на Лајонел Меси. Тој од 2013 година дури и настапува на телевизија како двојник на Меси.
Juan Tomas Martin
На Светското првенство во Русија, Хуан реши да ја материјализира таа сличност со Меси и да наплатува за селфи. „Дента кога се играше натпреварот Аргентина – Нигерија заработив речиси 200 долари. Не можев да верувам“, вели Хуан.
Бебе во авионот
Еден од најмладите навивачи на стадионите на Светско првенство во Русија има само 9 месеци.
„Ова е нашето прво патување со бебето Хозе Антонио, а патот од Уругвај е многу долг! Променивме 9 авиони и 2 воза“, вели Химена Родригез од Сан Хозе. Таа дошла со својот сопруг, со братучетката која е тинејџерка и со малото бебе за да го поддржи својот национален тим.
Gimena Rodriguez
Малку се плашевме да патуваме со бебе во Русија, но нè изненади срдечноста на Русите. Секогаш беа подготвени да ни помогнат“, вели Химена.
Gimena Rodriguez
Таа признава дека под влијание на американските медиуми и филмови имале поинакво мислење за Русија. „Мислевме дека Русите се ладни, затворени и непријателски расположени луѓе, но тие се всушност целосна спротивност од наведеното“.
Gimena Rodriguez
Светското првенство во фудбал 2018 во целост го сменило нејзиното мислење за Русија, додава таа.