ФСБ предлага кафеавата мечка да се прогласи за „стратешки важен ресурс”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руската специјална служба го стори истото за хималајската мечка и сибирските мошусни елени.

Федерална служба за безбедност на Русија предложи да се внесат измени во одлуката на владата „За утврдување на списокот на стратешки важна роба и ресурси“. ФСБ смета дека на списокот треба да се додадат хималајската мечка и кафеавата мечка, како и сибирските мошусни елени.

ФСБ наведува дека овие животни се барани на странскиот црн пазар. Доколку овие предлози бидат усвоени, за шверцување на кафеави и хималајски мечки, како и на сибирски мошусни елени, ќе биде предвидена истата казна како за илегалната трговија со оружје или културно богатство, т.е. до 12 години затвор. 

Според податоците на Меѓународната унија за заштита на природата, можноста за изумирање на кафеавата мечка предизвикува „најмала загриженост“, додека хималајската мечка и сибирскиот мошусен елен спаѓаат во загрозените видови.

Погледнете: Путин лови риба во друштво на мечка