Американски писател: Верувале или не, Русите малку се разликуваат од Американците

Kinopoisk
Американски писател кој година дена живеел во Петербур ги забележа навиките и манирите по кои Русија се многу слични со Американците.

По претседателските избори во САД 2016 година американските политички кругови и медиуми се заразија со русофобија во поголема мера отколку за време на Студената војна.

Јас токму тогаш отидов во Русија. Во една прилика седев во еден кафе-бар до симпатична Русинка. Кога таа дозна дека сум Американец, ме праша: „Зошто толку нѐ мразите?“ Јас ги кренав рамениците и реков: „Можеби за тоа е виновен „Роки 4?“

Потоа малку размислував и сфатив дека луѓето кои никогаш не патуваат во други земји често имаат само две средства со помош на кои судат за нас: тоа се медиумските стереотипи и политиката. И рускиот лидер во Америка и американскиот лидер во Русија се прикажуваат како карикатури на медиумските стереотипи.

Американскиот претседател е надуен и дебел бизнисмен, а рускиот претседател е мускулест и брутален поранешен разузнувач кој се фотографира без маичка. Апсурден е начинот на кој медиумите го прикажуваат лидерот на другата земја. Со тоа тие ги потхрануваат заблудите кои се многу распространети меѓу Русите и Американците.

И покрај неверојатната поврзаност на денешниот свет и огромната количина информации на интернет, овие лажни претстави сѐ повеќе се шират. Поради тоа не е ни чудо што Американците ги замислуваат Руите како некакви страшни луѓе кои никогаш не се насмевнуваат, постојано пијат вотка и веројатно се шпиони. Исто така, кога Русите размислуваат за типичниот Американец, тие го замислуваат како дебел галамџија кој сака оружје и веројатно е шпион.

Не можам да им давам совети на Русите како да ги надминат тие заблуди, но можам да разговарам со луѓето во Америка. Место да ја слушаат реториката на експертите треба да обрнат внимание на нештата кои не се толку интересни за да се направи вест од нив. Тоа се нештата кои никогаш нема да ги дознаете сѐ додека не слушнете како луѓето гласно разговараат за нив.

На пример, кога ќе се видам со Русинката која на крајот на секој викенд ми држи часови по руски, таа ми раскажува како си го минала времето со својот внук во паркот, како одела со него на кино и како и двајцата јаделе сладолед. Или, на пример, мојата пријателка зборува како се грижи затоа што мора да оди дома и да го посети семејството, а не знае како да им каже дека почнала да пуши. Или, да речеме, кога последен пат отидов до продавница да купам млеко морав да пропуштам едно расплакано дете кое одеше по мајка му и носеше некаква слатка која таа трипати не му дозволи да ја стави во корпата.

Русите не знаат секогаш која книга би сакале да ја прочитаат па тогаш почнуваат да читаат три или четири книги, а да не завршат ниедна. Поединци толку го сакаат сладоледот што дури и на дожд ќе одат да го купат. Русите расправаат за тоа дали ананасот може да послужи како додаток за пица. (Јасно е дека не може).

Русите по ништо не се разликуваат од Американците затоа што, на крајот на краиштата, не е важни дали човекот се насмевнува повеќе или помалку и дали става павлака во чорбата. Русите не се разликуваат од Американците затоа што и едните и другите се луѓе, а луѓето секогаш имаат исти желби и исти надежи. Стравуваат за своите блиски, здодевно им е без нив, ги болат коските кога се менува времето, се жалат едни на други на недостатоците во интимниот живот и се грижат дали нивните родители во поодминати години ќе искажат извесни расистички ставови.

Значи, ако војувањето на Трамп на „Твитер“ прерасне во вистинска војна, или ако во медиумите се појави вест дека Путин има роботизирана рака марка „Калашников“, никогаш не заборавајте дека и Русите и Американците се обични луѓе и дека сите имаат свои грижи за кои мораат да се грижат.

Бенџамин Дејвис е американски новинар и автор на книгата „Кралот Фуа“. Живеел во Санкт Петербург година дена работејќи со рускиот уметник Никита Климов на заедничкиот проект Flash-365. Сега првенствено се занимава со пишување на магично-реалистични flash fiction раскази за руската култура, за депримирачките неуспеси и „бабушките“ кои на „Телеграм“ имаат канал на кој ги прикажуваат своите секојдневни „подвизи“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња