На британската војска ѝ се неопходни фундаментални промени за да им се спротивстави на новите закани, изјави началникот на Генералштабот на британската војска генерал Николас Картер.
Според неговата оцена, армијата на Велика Британија заостанува зад руските и кинеските вооружени сили. Генералот рече дека на Лондон му е потребно ново вооружување за да се заштити од заканите „со меѓународните правила кои ја осигуруваа нашата безбедност и финансиската стабилност од 1945 година“, пренесуваат руските медиуми.
Картер ги карактеризира последниве седумдесет години како „историска пауза“ на која ѝ дошол крајот, велејќи дека во овој момент Лондон мора да се фати за „сериозна работа за да ја промени таа ситуација“.
Николас Картер и на почетокот на оваа година зборуваше за заостанувањето на британските вооружени сили зад руската војска, нагласувајќи, меѓу другото, дека Лондон не е во состојба да се одбрани од руските крстосувачки ракети и предупредуваше на погубниот ефект на намалувањето на издвојувањата за развој на вооружување.
Командантот на британската копнена војска Марк Карлтон Смит во своето обраќање на конференцијата RUSI Land Warfare, одржана минатиот месец во Лондон, предупреди на растечката опасност од руската војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче