Воен експерт: Зошто ѝ се на Русија нови авиони за попречување на сателити

Алексеј Куденко/Sputnik

На Русија ѝ се потребни четири ескадрили напредни авиони за попречување на сигнали „Порубшчик-2” за да може да блокира функционирање на сателитска формација на потенцијалниот непријател, изјави во понеделникот за РИА „Новости“ членот на експертскиот совет на колегиумот на воената индустрија на Русија Виктор Мураховски.

Претходно извор од руската воена индустрија соопшти дека Русија работи на авион за создавање пречки кој ќе може да ја попречи работата на воените сателити. Според него, новото летало ќе ги замени во Воздушно-космичките сили на Русија авионите за радиоелектронско војување Ил-22ПП „Порубшчик” кои се користат во моментов.

„Мислам дека за попречување на формација на сателити на потенцијалниот непријател ни е потребна по една ескадрила за секоја оперативно-стратешка команда, што значи дека станува збор за четири ескадрили (ескадрилата ја сочинуваат 12 авиони – заб. на уред.)”, рече Мураховски.

Експертот истакна дека Русија денес не поседува платформа за овој проект. Според него, „Порубшчик-2” за основа би требало да го има перспективниот среден воен транспортен Ил-276 над кој во моментов се работи во Русија.

Соговорникот на агенцијата додаде дека вакви проекти развиваат и другите воени суперсили. Мураховски како пример ја наведе американската платформа RC-135W која исто така носи станици за создавање на пречки кои ја попречуваат работата на сателитските навигациски системи.

Се смета дека „Порубшчики” спаѓаат меѓу најефикасните авиони за радиоелектронско војување на светот. Тие можат самостојно да откриваат радиоелектронски сигнали на системите на противвоздушната одбрана на непријателот, ефикасно да ги попречуваат и деформираат сигналите на нивните радари. Притоа се истакнува дека Ил-22ПП не ја попречува работата на радиоелектронските системи на својата војска.

Прочитајте повеќе: Прв руски авион за попречување сигнали

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња