Колекцијата „Матрјошка“ на D&G.
ЦУМДоколку сте сакале поради некоја причина да носите кукла „Матрјошка“ (кукли скриени една во друга, национален симбол на Русија), имаме две важни најави за вас. Првата – вашиот вкус е навистина егзотичен. Втората – тоа можете да го сторите сега!
„Долче и Габана“ (Dolce & Gabbana), италијанската куќа за луксузна мода, претставија колекција од чевли и модни додатоци посветени на Русија. Колекцијата се вика „Матрјошка“.
„Женската фигура и личност се составен дел на секоја колекција направена од нашата модна куќа“, се вели во соопштението за печатот. „Доменико Долче и Стефано Габана, инспирирани од матрјошката како една од најиконските женски слики, претставуваат специјална колекција создадена исклучиво за руски бутици на D&G“.
Колекцијата вклучува две варијанти на црни чевли со потпетици од матрјошка (направени со патентна кожа и велур) и чанта во облик на срце со Соборниот храм „Св. Василиј Блажени“ и слики од куклата на неа. За да се купи такво чудо, треба да дадете цело богатство: 138000 рубли (2216 американски долари) за чевли од велур и 391000 рубли (6280 долари) за чантата. Одлично.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче