Руски сопружници се разведуваат поради Меси и Роналдо

Legion Media

Еден пар страсни фудбалски навивачи од Челјабинск живеел во брачна заедница повеќе од 14 години.

Капката во преполнетата чаша била победата на репрезентацијата на Аргентина над Нигерија во последниот меч од групната фаза на СП која истовремено значеше и нејзин премин во плеј-офот. Првиот гол за Латиноамериканците го даде Лионел Меси. Четириесетгодишниот Арсен, голем фан на Меси, безмерно се радувал на успехот на репрезентацијата која ја предводи неговиот идол. Неговата триесетиседумгодишна сопруга Људмила, страстен навивач на вечниот ривал на Меси во првенството на Шпанија, Португалецот Кристијано Роналдо, реагирала на тоа со салви од потсмев.

„Људмила нѐ задеваше мене и мојот омилен играч уште од почетокот на Мундијалот, повторувајќи дека тој игра лошо и дека промашил важен пенал против Исланд. А во дуелот меѓу Аргентина и Нигерија демонстративно навиваше за Африканците. Кога се изјасни следниот пат за Лионел и неговите спортски квалитети, збеснав и ѝ кажав сѐ што мислам и за нејзиниот убав Роналдо, и за репрезентацијата на Португалија, за неа лично и за сите клубови за кои навива. Потоа ги собрав документите и ја напуштив засекогаш“, признава Арсен.

И иако веќе има поднесено барање за развод на бракот, понатамошниот развој на ситуацијата и фактот дека и Аргентина и Португалија испаднаа во осминафиналето на СП можеби може да влијае на Арсен да го повлече барањето за развод, затоа што прашањето кој е поважен за историјата – Роналдо или Меси – повеќе не е толку актуелно, констатираат руските медиуми.

Руските сопружници инаку се запознале 2002 година за време на Мундијалот во еден спортски бар во Челјабинск. И иако навивачката страст веднаш ги споила, постоело и нешто што во стартот веднаш ги раздвојувало: Арсен навивал за „Барселона“ и московски „Спартак“, а Људмила за мадридски „Реал“ и „ЦСКА“. 

Прочитајте повеќе: Пет причини Светското првенство во Русија да биде запаметено како едно од најдобрите досега

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња