Дали ги гледавте фудбалските епизоди на „Маша и мечокот“ посветени на Мундијалот?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Креаторите на најпознатиот руски анимиран серијал „Маша и мечокот“ осмислија мини-циклус на епизоди посветени на Светското првенство во фудбал кои веќе бележат милионски прегледи ширум светот.

Првата епизода од мини-циклусот „Време на фудбал“ во кој главните јунаци, немирното, весело девојче Маша и огромниот Мечок, поранешен циркузант, се фокусирани на најважната споредба работа на светот, беше емитувана на 11 јуни, а втората на денот на отворањето на Мундијалот.

Во епизодата „Играј фер“, во која Маша игра против Панда, авторите се потрудија да покажат дека фудбалот е чесна игра. Дури и кога ќе има измама правдата на крај сепак победува. Сакате да дознаете што не простува никогаш фудбалската среќа? Погледнете ја тогаш оваа епизода.

Видео: Единаесет епизоди од „Маша и мечокот“ кои не смеете да ги пропуштите