„Видовитата“ видра од Сочи ја даде последната прогноза за финалето на Мундијалот во Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
И денеска Хари „откри“ кој ќе победи во финалето - Хрватите или Французите!

Машката видра по име Хари која живее во Аквариумот на Сочи, предвиде дека во финалниот натпревар ќе победи репрезентацијата на Франција, пренесуваат руските медиуми.

Хари наводно не е лош во предвидувањето на резултатите, а се прослави откако ги знаеше победниците на сите натпревари на руската репрезентација. Сега од две топки – сина и црвена – без двоумење ја одбра сината, односно Французите.

Што не значи дека треба да му се верува. Можеби претходно погодуваше затоа што и самиот е од Сочи и „батјушките“ му се поблиски. Хари сепак се излажа за резултатот од полуфиналниот натпревар Англија-Хрватска и „стави сѐ што има“ на „Гордиот Албион“.

Прочитајте повеќе: Како 11 животни и еден робот ги предвидуваат резултатите на Мундијалот во Русија