Златко Далиќ: Ја очекуваме поддршката на руските навивачи

Reuters

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ и капитенот на хрватскиот тим Дејан Ловрен рекоа дека се импресионирани од организацијата на турнирот и дека, и покрај сѐ, ја очекуваат поддршката на руските навивачи.

„Благодарен сум за сѐ што доживеавме, секаде сме топло пречекани. Се разбира, ја очекуваме поддршката на навивачите. Секогаш со задоволство ќе се сеќаваме на овие неколку недели што ги поминавме во Русија“, рече Далиќ.

Капитенот на хрватскиот тим Дејан Ловрен исто така ја истакна извонредната организација на турнирот во Русија.

„Повеќе пати реков дека ова е најдобриот турнир според организацијата. Можам да ѝ се заблагодарам на Русија и да ѝ честитам на одржувањето на толку сјајното светско првенство“, рече Ловрен.

Погледнете: Хрватските навивачи на кирилица среде Москва: „Спасибо, Россия“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња