Давор Шукер: Штом ја видов снимката, ја критикував постапката на Вида и Вукојевиќ

Global Look Press

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Давор Шукер го коментираше за рускиот спортски портал „Спорт Експрес” исклучувањето на скаутот на киевски „Динамо“ Огнен Вукојевиќ од составот на хрватската делегација.

„Се извинуваме поради она што го стори Вукојевиќ“, изјави Шукер. „Тоа нема никаква врска со Хрватскиот фудбалски сојуз. Во овој процес ја поддржуваме ФИФА, во фудбалот не смее да има политика“, рече Шукер, додавајќи дека акредитацијата на Вукојевиќ е поништена и дека тој нема право да се наоѓа на стадионот. 

Што се однесува до својот личен однос спрема овој инцидент, Шукер рече дека смета дека не е добро фудбалот и политиката да се мешаат. „Јас сум против тоа. Ја критикував таа постапка штом ја видов снимката“.  

Вукојевиќ е исклучен од составот на хрватската фудбалска делегација во Русија поради снимката на која заедно со одбранбениот играч на тимот Домагој Вида извикува „Слава ѝ на Украина!” по победата над Русија во натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство (2:2, на пенали 4:3). Вида притоа не беше казнет, а сојузот, одбранбениот играч на репрезентацијата и Вукојевиќ ѝ се извинија на руската јавност.

Прочитајте повеќе: Хрватите се извинија: Вукојевиќ разрешен од функцијата во репрезентацијата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња