Што кажа за „случајот Вида“ портпаролот на рускиот претседател Песков?

Reuters

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека ситуацијата околу хрватскиот фудбалер Домагој Вида, кој по победата на неговиот национален тим над руската репрезентација се појави во скандалозна видеоснимка, не е прашање за Кремљ.

„Тоа не е прашање за нас. Играта беше чесна, а тоа е најважно, тука не се работи за политика туку за фудбал. Руската репрезентација изгуби од селекцијата на Хрватска. И ние им честитаме, и на нашите фудбалери за сјајната игра и на хрватската репрезентација за поминувањето во понатамошниот тек на натпреварувањето“, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

По натпреварот со репрезентацијата на Русија во кој Хрватите победија на пенали, нивниот одбранбен играч Домагој Вида заедно со Огнен Вукојевиќ, со кого долго време играше за киевски „Динамо”, објави видеоснимка во кој го извикува фашистичкиот поздрав од времето на квинслинзите Степан Бандера и Втората светска војна „Слава ѝ на Украина!“.

ФИФА спроведе истрага и официјално ги предупреди и Вида и Вукојевиќ за извикот „Слава ѝ на Украина“ и неспортското однесување кое е, како што се наведува, во спротивност со принципите на фер-плејот.

Хрватскиот фудбалер потоа сними уште едно видео со извикот „Слава ѝ на Украина“. Вида во друштво на поранешниот напаѓач на ЦСКА и сегашен тренер на хрватската репрезентација Ивица Олиќ држи шише пиво, а го споменува и Белград кој „гори“, но не српскиот главен град туку една кафеана во Киев чиј сопственик е извесен Јован, а потоа ја пее познатата песна на Тома Здравковиќ „Кафеаната е моја судбина“ (Кафана је моја судбина). Судејќи според сѐ, обајцата се пијани, пишува порталот „Спорт Експрес“.

Прочитајте повеќе: Давор Шукер: Штом ја видов снимката, ја критикував постапката на Вида и Вукојевиќ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња