Железничката пруга до рускиот остров Сахалин можеби ќе поминува под вода

Global Look Press

Железничката пруга до островот Сахалин во Русија можеби ќе поминува низ тунел под теснецот Невељски. Во техничкиот нацрт на проектот на „Руски железници“ се наоѓа пресметка за ваква варијанта на изградбата.

Во техничкиот нацрт на „Руски железници” за изградба на премин од копно до островот Сахалин се наведува можноста за изградба на железничка пруга од селото Селехино (Хабаровски крај) до селото Ниш (Сахалинска област) преку теснецот Невељски. Изградбата, со оглед на сеизмичката активност на ова подрачје, би можела да почне дури 2021 година.

Засега се разгледуваат две варијанти: пругата да поминува или преку мостот или низ тунел под теснецот.

Прочитајте повеќе: Мост на Сахалин: Русија започна нов мегапроект во мостоградбата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња