Мост на Сахалин: Русија започна нов мегапроект во мостоградбата

Почнаа првите работи на изградбата на железничкиот мост кој ќе ја поврзува континентална Русија со островот Сахалин, пренесува порталот „Хабаровскиот крај денес“ (Хабаровский край сегодня).

Во Уљчскиот реон на Хабаровскиот регион стручњаците на Далекуисточниот проектантско-истражувачки институт за нискоградба почнаа со проектирањето на железничката линија на сообраќајниот премин од копнениот дел на Русија на Сахалин. Според зборовите на Дмитриј Симуков, раководител на службата за инженерски истражувања „Даљгипротранс“, предвидено е изградбата на железничката пруга да почне 2021 година, а вработените во овој институт во моментов работат на осмислување на проектантски решенија на терен.

„Нашата задача како истражувачи е да ја одредиме најдобрата позиција на железницата“, истакна тој.

Медиумите кон средината на минатиот месец пишуваа дека според прелиминарниот проект на „Руски железници“ изградбата на 585 километри долгиот Сахалински железнички премин би била тројно поскапа од изградбата на Кримскиот мост, односно дека би чинела вкупно 540,3 милијарди рубли. За модернизација на пругите на Сахалин би отишле 92 милијарди рубли, а околу 100 милиони за терминалот од каде јагленот би се транспортирал со возови.

Прочитајте повеќе: Сахалинскиот мост би ја чинел Русија 3,5 пати повеќе од Кримскиот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња