Во компанијата решија дека би било најдобро да се поврзе железничката станица Селихин во Хабаровскиот крај со станицата Ниш (Ныш) на Сахалин каде што Татарскиот мореуз е најтесен, така што мостот би бил малку пократок од 10 км. Проектот би чинел 540,3 милијарди рубли, а на самиот мост би биле потрошени 252,8 милијарди рубли. Уште околу 100 милијарди рубли би било вложено во железничките патишта на Сахалин и околу 100 милијарди рубли во проектот за длабоководен терминал во Илјинск од каде возовите би превезувале јаглен.
Од РЖД исто така велат дека проектирањето би било завршено до 2020 година, а изградбата би почнала во 2019 и би траела до 2023 година.
Поврзувањето на Селихин со сахалински Ниш би чинело 3,5 пати повеќе од Кримскиот мост. Исто така се зема предвид дека сахалинскиот мост би се градел на сеизмички поактивно подрачје, како и тоа дека територијата спаѓа во крајниот север на Русија.
Главното прашање е сепак целта на мостот. Крим има 2,5 милиони жители, а Сахалин најмногу половина милион. Мостот може да биде актуелен само ако железничкиот пат продолжи до јапонскиот остров Хокаидо, велат експертите. Исто така, во сумат од 540 милијарди рубли не е пресметан откупот на земјиштето и транспортната безбедност.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 15 мај официјално го отвори Кримскиот мост седејќи зад воланот на камион. Мостот е долг 19 км и во моментов е најголемиот во Русија. Чинеше речиси 228 милијарди рубли.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче