Ќиро Блажевиќ: Русија нема шанси против Хрватска

Russia Beyond
Познатиот хрватски селектор кажа за порталот Russia Beyond какви се шансите на Русија во натпреварот против Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот.

Пред дваесет години Хрватска успеа да ја победи Холандија во борбата за третото место на Светското првенство во Франција 1998 година. Тогаш во полуфиналето загуби од Франција, која беше домаќин на првенството.

Сега „коцкестите“ повторно се среќаваат со екипата на домаќинот на Мундијалот, овојпат во четвртфиналето. Хрватите се сеќаваат како Русија на Европското првенство 2008 го постигна својот најголем постсоветски успех, стигнувајќи до полуфиналето, а воопшто се пласираше н Евро-2008 во Австрија и Швајцарија благодарение на победата на Хрватска над Англија на Вембли со 3:2 во завршното коло на квалификациите, па сега очекуваат Русија „да им го врати долгот“.

Познатиот хрватски фудбалер Игор Штимац смета дека Хрватска ќе има тежок дуел.

„Историјата ги поврзува нашите држави уште до 2008, од Европското фудбалско првенство“, вели Штимац. „Добро се сеќавам дека токму Хрватска ја победи Ангилја на стадионот „Вембли“ и со тоа ѝ овозможи на Русија да оди на Европското првенство 2008 година“.

„Сега вам ви е редот да ни подарите нешто слично“, со насмевка додава тој.

По распадот на Југославија ова е четврто светско првенство во кое учествува Хрватска.

Првиот пат учествуваше во споменатата 1998 година во Франција, но тогашниот успех не го повтори на светските првенства 2002, 2010 и 2014, кога не успеа да се пласира во плеј-офот, а 2006 не ги помина ни квалификациите за шампионатот.

За хрватскиот успех 1998 година најзаслужен беше тогашниот селектор на „коцкестите“ Мирослав Ќиро Блажевиќ. Го прашавме познатиот хрватски селектор какви шанси има Русија во натпреварот со Хрватска.

„Русија е добар и достоен противник, но имаат многу мали шанси з победа. Во хрватската репрезентација се наоѓаат врвни фудбалери, исклучително големи таленти. Хрватска добро се котира на скалата на ФИФА, има повеќе искуство на вакви првенства.

Еднаш го освои третото место, а сега може да го освои и првото место“, заклучи Блажевиќ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња