Давор Шукер откри во што е предноста на репрезентацијата на Русија над Хрватска

Bai Xueqi/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хрватска и најдобриот стрелец во историјата на хрватската репрезентација зборуваше за „Спорт Експрес“ за тоа какви шанси имаат Русија и Хрватска во меѓусебниот дуел во четвртфиналето на Мундијалот.

Давор Шукер е на чело на Фудбалскиот сојуз на Хрватска веќе 6 години и целото тоа време репрезентацијата игра на големите натпреварувања, а овој пат „коцкестите“ првпат од 1998 година излегоа од групната фаза на натпреварувањето и имаат шанса да го повторат успехот што го постигна пред 20 години, односно третото место на Светското првенство во фудбал.

Прашан дали мечтае за златото, Шукер одговара дека репрезентацијата сега размислува само за натпреварот против Русија.

„Да, имаме силна репрезентација, но мислам дека вие имате мала предност. Русија има уиграна екипа која знае како правилно да се брани и напаѓа. Но најважно е тоа што ја имате огромна поддршка на навивачите. Таа енергија ги тера фудбалерите да играат посилно“.

Шукер не сакаше да ги издвојува покорисните фудбалери во руската репрезентација затоа што „тоа е екипен спорт“. „Би сакал да ја истакна работата на вашиот тренер кој одлично си ја врши задачата. Се гледа дека Русите се физички одлично подготвени“.

Прочитајте повеќе: Најдобриот хрватски голгетер во историјата признава дека Русија ги има сите шанси за победа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња