Пратеникот на Државната Дума и член на Извршниот комитет на Рускиот фудбалски сојуз Игор Лебедев го коментираше за „Спорт-Експрес” однесувањето на легендарниот Диего Марадона, кој присуствуваше на натпреварот од 3 коло на групната фаза на Светското првенство во фудбал меѓу Нигерија-Аргентина (1:2) во Санкт Петербург. 57-годишниот првак на светот од 1986 година реагираше бурно на случувањата на теренот, а по победничкиот гол на јужноамериканците покажа непристоен гест кон навивачите на африканската репрезентација.
„Марадона не направи ништо противзаконско што би можело да биде причина да му се одземе легитимацијата на навивач“, рече Лебедев. „Тој не е некој забеган фудбалски хулиган проти кој треба да се покренува административна или кривична постапка поради однесувањето на стадион. Нема никаква причина да му се одземе FAN ID. Да, тоа е емотивен човек, што е својствено, во принцип, на сите луѓе од негова националност. Диего навистина се грижи за својата репрезентација, не се срами од своите емоции и притоа се разбира во фудбалот. Не смееме да заборавиме дека Марадона има „божја рака“. Затоа е грев да му се одзема навивачката легитимација“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче