Колумбиски навивачи во Казањ спасија локален жител

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Колумбиските навивачи, кои во Казањ пристигнаа за натпреварот на својата репрезентација со Полска (3:0), се истакнаа со својата постапка. Странските гости не дозволија еден локален жител да се удави во Волга. Маж под влијание на алкохол скокнал од кејот во водата, но немал сила да се врати на брегот. Напомош му скокнале неколку Колумбијци, кои му помогнале на мажот да дојде до брегот. Откако се дошол при себе, Русинот им се заблагодарил на своите спасители и им ветил дека ќе ги посети доколку некогаш се најде во Јужна Америка.

Погледнете 20 од најжешките млади дами кои го поддржуваат својот тим на Светското првенство во Русија