Напаѓачот на руската репрезентација Ѕјуба на мечот со Египет постави два рекорда на Мундијалот 2018

Reuters

Напаѓачот на репрезентацијата на Русија Артјом Ѕјуба на натпреварот против селекцијата на Египет постави два рекорда на Светското првенство во фудбал 2018, пишува порталот Спорт-Експрес.

На средбата со репрезентацијата на Египет Ѕјуба 55 пати се бореше за топката, што претставува најдобар показател на сите досега одиграни натпревари на 12 стадиони во 11 руски градови на Мундијалот 2018. На второто место се најде напаѓачот на репрезентацијата на Колумбија Радамел Фалкао (32). Освен тоа, Артјом Ѕјуба во 23 од 55 такви ситуации излезе како победник, што исто така претставува рекорден резултат на турнирот. Според овој показател зад рускиот фудбалер се наоѓа дефанзивецот на репрезентацијата на Уругвај Диег Годин (19).

По победата на Русија над Египет во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски” со резултат 3:1 славниот руски биатлонец Антон Шипулин го нарече Ѕјуба крал.

Прочитајте повеќе: „Цел живот сонувавме за тоа“: Ѕјуба ја коментира победата над Египет

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња