Ѕјуба откри каде лежи клучот на победата над Уругвај

Reuters

По победата во средбата со Египет во второто коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал, напаѓачот на репрезентацијата на Русија Артјом Ѕјуба откри во што е тајната на успехот на рускиот тим и што ќе биде клучно за победа над селекцијата на Уругвај.

Според Ѕјуба, за победата во средбата со Египќаните од пресудно значење бил фактот дека руските играчи не се повлекувале на ниту еден дел од теренот.  

„Среќата малку нѐ послужи и на крај заслужено победивме. Успеавме да го задржиме Салах и сите нивни брзи напади“, нагласи офанзивецот на руската репрезентација.

Како што рече тој, избраниците на тренерот Станислав Черчесов во продолжението на Светското првенство ги очекуваат противници од вселенска класа.

„Добро е што на почетокот за противник ја имавме Саудиска Арабија, а потоа Египет,  а во иднина во принцип ќе биде вселената“, рече Ѕјуба, истакнувајќи дека следните ривали ќе бидат сѐ посилни.

„Почнуваме да сфаќаме каква брзина и дуели нѐ очекуваат. Овој пат успеавме да победиме, затоа што бевме единствена целина. Се боревме до крај не дозволувајќи му на противникот да здивне и тоа ќе биде клучно за победа  над репрезентацијата на Уругвај“, рече тој.

Прочитајте повеќе: Нокаут за 15 минути: Русија го победи Египет и оди понатаму

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња