Бразилците не можат да се навикнат на „белите ноќи“ во Санкт Петербург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Едниот од лидерите на репрезентацијата на Бразил, дефанзивецот на „Пари Сен Жермен“ Тиаго Силва новинарите го прашаа дали „белите ноќи“ им пречат на петкратните светски прваци во фудбал.

„Мошне тешко поднесуваме, затоа што не сме навикнати. Стигнавме вчера мошне доцна во хотелот, а на спиење отидовме откако, во 1:30 по полноќ, завршивме со физиотерапевтот“, рече Силва. Како што нагласи тој, на Бразилците им е препорачано да ја исклучат сета техника и уредите и да не им телефонираат на роднините затоа што „после тоа многу тешко ќе заспијат“.

Периодот на таканаречените „бели ноќи“ во северната руска престолнина трае од почетокот на јуни до средината на јули. Во тоа време ноќта не паѓа во вообичаената смисла, затоа што градот од вечер до утрото е во некаква квечерина, а има период кога ноќта дури и не се разликува од денот. Тие ноќи станаа еден од најважните туристички симболи на Петербург, време кога градот врие од фестивали, концерти и народни свечености. Спектакуларниот природен феномен кој во Санкт Петербург редовно привлекува огромен број на туристи, на бразилските репрезентативци, сепак, им причини непријатности.

Бразил го одигра првиот натпревар на Светското првенство во фудбал во Русија против Швајцарија, со нерешен резултат (1:1) На стадионот во Санкт Петербург мечот меѓу Бразил и Костарика се одигра денеска.  

Погледнете ги најновите руски стадиони: 12 градби поради кои Мундијалот 2018 никогаш нема да биде заборавен