Во слики: Што ако Трамп живееше во Русија?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Пиење вотка на село, лудо оро, вгнезден во поле со јачмен... Доналд Трамп каков што го немате видено претходно.

Можете ли да си го замислите Доналд Трамп како игра казачок топлес во руско село? Или како пее пијани песни откако ќе испие шише вотка на нива со јачмен?

Доколку ова ви звучи претерано, погледнете ги цртежите на Вјачеслав Жданов.

Рускиот уметник го има насликано американскиот претседател како затвореник во гулаг, во бања, а и како депресивен руски сопруг кој треба да го фрли ѓубрето, помеѓу другите нешта. Некои онлајн корисници дури и укажаа на очигледните сличности меѓу прикажувањата на реалниот живот на Трамп и Борис Елцин.

„Во мојата работа посветувам големо внимание на баналноста и личните проблеми на мажите во модерниот живот. Животот на граѓаните со ниски примања во руското општество со неговите социјални проблеми – алкохолизмот, сиромаштијата, тешките ситуации“, вели Жданов.

Во неговите дела уметникот го задржува стилот на советскиот стрип „Крокодил“. „Јас сум далеку од политиката, но блиску до одредени карикатурни традиции“, објаснува Жданов, велејќи дека неговите слики имаат мека иронија.

Прочитајте повеќе: Сатирата на „Крокодил”: Како СССР ги раскринкуваше американските „вредности”