Кадиров и Салах
СкриншотПрвиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров во шеговит тон „се огради“ од „инсинуациите“ дека ѝ сторил нешто на репрезентацијата на Египет и на тој начин влијаел на нејзиниот пораз во Санкт Петербург во мечот со Русија на Светското првенство во фудбал.
„Немам никаква врска со тоа, тоа е заслуга на руските фудбалери и нивниот професионализам. И, се разбира, нашата верба во нивна победа“, напиша Кадиров на социјалната мрежа „Телеграм“ одговарајќи на шеговитите коментари дека ѝ сторил нешто на египетската репрезентација која во текот на Мундијалот престојува во Чеченија.
Кадиров, инаку, пред натпреварот ги повика египетските репрезентативци по враќањето од северната руска престолнина во својата база во Грозни да го пробаат чеченскиот специјалитет жижик-галнаш.
Натпреварот во Санкт Петербург заврши со резултат 3:1. По првото полувреме кое некои коментатори го нарекоа приспивна песна, играта веќе на самиот почеток на второто полувреме се вжешти, кога Русија поведе благодарение на автоголот на Ахмат Фатхи. Многу брзо противничката мрежа ја затресоа непогрешливите погодоци на руските репрезентативци Денис Чернишев и Артјома Ѕјуба. Утешниот гол за Египќаните го постигна Мохамед Салах од пенал.
Сатиричарот Семјон Слепаков пред почетокот на Мундијалот во една своја песна го „постави“ Рамзан Кадиров за селектор на руската репрезентација, но таа под негово раководство загуби од Обединетите Арапски Емирати со резултат 0:2. Во Чеченија го повикаа сатиричарот да се извини, а Кадиров, кого песната го насмеа, забележа дека Слепаков има смисла за хумор и дека тоа е поради тоа што тој е од Кавказот. Покрај тоа, тој го покани сатиричарот во Грозни и предложи заедно да напишат нова песна. Слепаков се заблагодари на повикот и ѝ посака успех на руската репрезентација на Светското првенство во фудбал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче