За фантастичниот гол Коларов од домаќините доби клучеви од теренецот Лада Нива 4х4

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Репрезентативецот на Србија Александар Коларов доби вреден подарок од губернаторот на Самарската област. Имено, по повод првиот гол постигнат на стадионот „Самара-Арена“ српскиот репрезентативец доби клучеви од теренецот на ВАЗ „Лада 4x4“  попознат како „Нива“.

„Коларов постигна навистина фантастичен погодок и ние за толку убавиот потег му подаривме клучеви од новиот теренец Lada 4x4. Тој му се израдува на овој подарок, а целата српска екипа го проследи тоа со воодушевување“, истакна Азаров.

Србија во неделата ја совлада Костарика со 1:0, а единствениот стрелец на тој натпревар беше левоногиот српски играч со необично силен удар Александар Коларов кој постигна ефектен гол од слободен удар од далечина од околу 25 метри.

Србија со освоени 3 бода во моментов се наоѓа на првото место на Групата Е, а зад неа на табелата се Бразил и Швајцарија со по 1 бод. Костарика е последна, без освоени бодови.

Прочитајте повеќе: Спектакуларен почеток на Мундијалот: Русија ја разби Саудиска Арабија со 5:0