Што велат Мурињо и Линкер за победата на репрезентацијата на Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Главниот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо одлично го знае рускиот фудбалер кој даде два прекрасни гола Денис Черишев од Реал, и португалскиот стручњак не можеше а да не ја оцени неговата игра во директниот пренос на телевизискиот канал RT.

„Черишев играше во Кастиља и јас решив да го повикам во првиот состав на Реал, му дадов можност да дебитира во екипата“, се сеќава Мурињо. „Тој беше одлично момче, брзо, самоуверено. Неговиот татко исто така беше фудбалер и тој ги има наследено тие гени. Мораше да реши дали ќе игра за репрезентацијата на Русија (Черишев е државјанин на Русија и на Шпанија, израснал во Шпанија – заб. ред.). Јас секогаш им велам на фудбалерите: заборавете што ви велат другите и слушајте го повикот на своето срце. Не треба да се игра за земја која не ти е блиска. Денис донесе одлука да игра за Русија и денес е веројатно најсреќниот човек на планетава“.

Мурињо воено и ја предупреди Русија:

„Пред натпреварот велев дека Русите се полни со песимизам. И по еден натпревар нема причина за премногу оптимизам. Радувајте се на оваа победа и на овој резултат. Овие голови можат да одиграат важна улога. Но, не заборавајте дека Саудијците разочараа. Репрезентацијата на Египет е подобра од саудиската. А, Уругвај е подобар од Египќаните“.

Некогаш познатиот фудбалер на репрезентацијата на Англија, а сега фудбалски стручњак Гари Линкер е восхитен од голот што го даде Артјом Ѕјуба. Постот на Твитер на најдобриот стрелец на СП во фудбал во 1986 година во Мексико не треба да се преведува:

Линкер го оцени вториот гол на Денис Черишев како „шлаг на тортата“: Изгледа дека петтиот гол што го даде Александар Головин воопшто не го очекуваше.