Уапсете ме! Гостите на Москва ја најдоа најубавата Русинка во полициска униформа

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Доколку некогаш сте се прашале каде работат најубавите девојки кои го чуваат редот и мирот, некој веќе го знае одговорот. Во московската коњичка полиција!

Барем така сметаат неколку стотици илјади јапонски корисници на Твитер, а не треба да се заборави дека токму Јапонците во 2014 година непознатата девојка од Крим Наталија Поклонскаја ја прогласија за најубава обвинителка на светот.

Професијата полицаец не е на прво место кога станува збор за модата, за стилот и за убавината. Но, оваа Русинка сигурно ќе ве натера да помислите поинаку.

На Твитер се појавија фотографии на една убавица на коњ. За неколку дена бринетката маѓепса илјадници корисници на Твитер. Првиот пост на еден јапонски гостин на главниот град на Русија има 150.000 лајкови и е преземен 46.000 пати!

Девојката е навистина убава и одлично градена, а униформата ѝ стои како излиена. Коментарите се следни:

„Девојката е едноставно премногу убава! Би сакал заедничка фотографија со неа!“

„Би сакал да бидам уапсен во Москва!“

„Би сакал полициската униформа во Јапонија да биде исто толку убава!“

Оние што коментираат дознаа дека убавата „амазонка“ живее во далечната Русија и дека работи во Москва. Се вика Татјана Зима и уште на училиште решила дека сака да биде полицаец. Од детство се занимава со коњички спорт, а по правниот факултет се вработила во коњичката полиција на Москва.

„Почнав да јавам од десеттата година. И оттогаш својот живот го поврзав со овие прекрасни животни“, вели Татјана Зима.