Откако една учителка од Омск остана без работа поради фотографија во костим за капење, во Русија започна вистинска борба за женските, всушност, за човековите права! Под мотото „И учителите се луѓе“ цела Русија се крена на нозе... и во знак на поддршка ги облече најубавите костими за капење.
Фото: Викторија Попова
Учителката од Омск Викторија Попова (26) во слободно време работи во школата за манекени и се сликала во костим за капење. За неправдата да биде уште поголема, фотографијата дошла на Интернет не по нејзина волја, ами како рекламен материјал што сопственичката на истата школа за манекени го објавила, а учителката неочекувано добила отказ на своето основно работно место.
На Попова ѝ предложиле самата да даде отказ за да не ја чека одлуката на дисциплинската комисија, но таа не го сторила тоа. Меѓутоа, овој случај наиде на широк одек во руското општество и многумина ја поддржаа Викторија, особено нејзините колешки.
Подоцна шефицата на регионалното министерство за образование и раководството на училиштето побараа извинување од Попова и ја замолија да се врати на работа. Сепак, нема лошо без добро, како што велат Русите, или во секое лошо има нешто добро, па сега целиот Интернет е преполн со фотографии на убави руски учителки во костими за капење!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче