Наталија Ореиро пее на руски за Светското првенство 2018

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Познатата уругвајска поп ѕвезда Наталија Ореиро објави ново видео за нејзината нова песна „Обединети од љубов“ – посветено на Светското првенство. Сепак, има едно големо изненадување: покрај тоа што пее на англиски и на шпански, таа исто така пее и на руски.

Згора на тоа, таа носи руски народен украс за глава наречен кокошник.

Ореиро призна дека нема само да навива за репрезентацијата на Уругвај, туку и за Аргентина и Русија.

Сакате да дознаете повеќе за Светското фудбалско првенство? Кликнете на овој линк.