Првата средба на Мундијалот кој наскоро почнува во Русија ќе биде одиграна со фудбалска топка со која малку порано на Меѓународната вселенска станица играа космонаутите.
Олег Артемјев се придружи на екипажот во март и ја донесе топката со себе. Кон крајот на мај Артемјев и вториот руски космонаут Антон Шкаплеров снимија како го шутираат фудбалот во вселената.
Орбиталниот тренинг со официјалната топка на Мундијалот беше посветен на скорешниот почеток на натпреварувањето. Првиот меч на 14 јуни го играат репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.
Дел од екипажот на МВС се врати на Земјата на 3 јуни и ја донесе со себе топката за Светското првенство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче